Овој викенд Скопскиот изборен штаб на Левица реализираше маалска средба во општината Кисела вода, каде средба остварија носителот на советничката листа на Левица за град Скопје – Реџеп Исмаил и кандидатите за советници на град Скопје, со кандидатите за советници и кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода – Јулијана Штрковска Колариќ.
На средбата се дискутираше за локалните проблеми со кои во моментов се соочувa општината, за нивно решавање, но и за идната соработка помеѓу Градот и Општината. Со влегувањето на Левица во општина Кисела Вода и во советот на градот Скопје, овие проблеми ќе станат минато, а взаемната соработка ќе стане реалност!
Извор: ЛЕВИЦА