HomeОпштиниАеродром: Со полна пареа продолжува реконструкцијата на улица „Лисец“

Аеродром: Со полна пареа продолжува реконструкцијата на улица „Лисец“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески изврши увид во градежните активности на улица „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче, каде што започна поставувањето на новиот асфалтен слој, како дел од целосната реконструкција на оваа сообраќајница.

Со проектот се подобруваат безбедноста и условите за секојдневно движење. Покрај новиот асфалт, се градат и нови тротоари, со што улицата добива модерен и функционален изглед.

Проектот опфаќа:
• Целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри;
• Поставување нов тампонски слој и нов асфалт;
• Над 3.300 м² нова асфалтна површина;
• Изградба на нови тротоари со површина од 1.400 м².

Паралелно, согласно со предвидената динамика, продолжуваат работите и на улица „Лисец“ (крак лево), со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива поквалитетна, побезбедна и современа патна инфраструктура.

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште...

0
Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Секоја генерација добива свој момент на одговорност. Момент во кој не одлучува само за сегашноста, туку и за правецот...