HomeМинистерстваМП: Заедничка заложба за поефикасен и потранспарентен нотаријат

МП: Заедничка заложба за поефикасен и потранспарентен нотаријат

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цеца Малева Стоев.

На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија.

Министерството за правда останува посветено на отворен и конструктивен дијалог со Нотарската комора како важен чинител на правосудниот систем, со цел унапредување на владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Нови хидрофори во ООУ „Аврам Писевски“  и „Владо Тасевски“

0
Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија. Во...