HomeМинистерстваМП: Зајакнување на соработката со Комората на извршители

МП: Зајакнување на соработката со Комората на извршители

spot_img
spot_img

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, на која беше разговарано за актуелните предизвици во извршителската дејност и можностите за унапредување на законските решенија.
Комората на извршители, која од 2006 година има континуирана соработка со Министерството за правда, ги презентираше своите забелешки и предлози во однос на измените и дополнувањата на Законот за извршување, како и подготвеноста активно да придонесе во понатамошната работа на работната група.


Министерството за правда останува посветено на инклузивен процес на законски реформи, во кој ќе бидат разгледани сите конструктивни предлози со цел создавање поефикасен, потранспарентен и поправеден систем на извршување, во интерес на граѓаните, правната сигурност и владеењето на правото.

Извор: Министерство за Правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија