HomeМинистерстваМОЗ: Ферати – Рокас: Соработка со ЕУ за рамномерен развој и посилни...

МОЗ: Ферати – Рокас: Соработка со ЕУ за рамномерен развој и посилни институции

spot_img
spot_img

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, вчера го пречека на средба амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество.

Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество.

Министерот Ферати и амбасадорот Рокас разговараа и за зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за односи меѓу заедниците, со цел зголемување на ефикасноста во изготвувањето и спроведувањето на политиките што придонесуваат за социјална кохезија.

Двајцата соговорници ја поздравија континуираната поддршка на Европската Унија за проекти што придонесуваат за рамномерен развој на регионите и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Министерот Ферати изрази благодарност за партнерството со Европската Унија, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на соработката во иницијативи што го зајакнуваат соживотот, институционалниот развој и европската перспектива на земјата.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија