HomeВладаМицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од локален...

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од локален јавен обвинител, соучесник во процесот, постои поинаков извештај од приложениот, ова нема така да заврши

spot_img
spot_img

Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес.
 
„Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и презиме, не би сакал да шпекулирам со имиња и презимиња. Допрва ќе има истрага и ќе следи истрага за овој процес, затоа што од страната на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој којшто е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство овдека во Битола. Ова нема така да заврши“, одговори премиерот Христијан Мицкоски.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија