HomeЈавен секторНБРСМ: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички,...

НБРСМ: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички, се разгледува можноста овие лица да можат еднократно да подигнат до 20.000 денари

spot_img
spot_img

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери коишто примаат пензија преку „АЛТА банка“ АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите коишто имаат средства во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги намират обврските за даноци и придонеси. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Топ тема“ на ТВ „Телма“.

Народната банка навремено реагираше со воведување привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, како заштитна мерка со времетраење до три месеци, во согласност со законската регулатива. Тимот на Народната банка, којшто е присутен во Банката, континуирано ја следи состојбата и функционирањето на банкарските услуги, вклучително и на банкоматите. Посебно внимание се посветува на изнаоѓањето соодветни решенија за граѓаните коишто немаат платежни картички.

„Од вкупно 11.500 пензионери коишто примаат пензија преку Банката, околу 3.500 немаат платежни картички. За нив подготвуваме посебно решение за исплата преку шалтер. Целта е да им овозможиме полесен пристап до нивните средства, а јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе бидат утврдени сите потребни детали“, посочи гувернерот Славески.

Во оваа насока се разгледува и можноста, исклучиво за пензионерите без платежни картички, да се овозможи еднократно подигнување до 20.000 денари, со цел да се избегнат повеќекратни посети на шалтерите и да им се олесни располагањето со средствата.

Во однос на работењето на правните лица коишто имаат сметки во „АЛТА банка АД Битола, согласно со воведените мерки, тие можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на Банката, кон сметките на други правни и физички лица, без ограничување на износот. Преносите на средства надвор од Банката се привремено ограничени.

„Народната банка ги разгледува и можните решенија за компаниите коишто имаат средства на сметки во Банката, а треба да им ги исплатат платите на вработените и да ги намират обврските за даноци и придонеси, имајќи предвид дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15-ти во месецот“, истакна гувернерот. Тој посочи дека Народната банка постојано ја следи состојбата, а воведените ограничувања ќе се разгледуваат во согласност со развојот на настаните. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни промени и донесени одлуки.

Во рамките на натамошните активности, Народната банка испратила известување до надлежниот регулатор во Србија, со барање во рок од три дена да се произнесе дали „АЛТА банка“ АД Белград ќе ги понуди на продажба акциите во „АЛТА банка“ АД Битола.

„Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена Народната банка ќе ги понуди акциите на „АЛТА банка“ АД Битола на Македонската берза. Постои интерес од неколку потенцијални инвеститори, од земјата и од странство, за преземање на акциите на Банката. Постапката за евентуална продажба ќе се спроведе во согласност со законската регулатива и надлежностите на Народната банка. Целта е да се обезбеди избор на соодветен инвеститор којшто ќе ги исполнува законските и супервизорските критериуми за стекнување квалификувано учество и ќе придонесе за долгорочна стабилност и непречено работење на Банката“, истакна гувернерот.

Славески нагласи дека роковите за преземање на следните чекори се кратки, бидејќи брзината на постапување е особено важна за изнаоѓање соодветно решение за Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на интересите на клиентите и одржување на стабилноста на банкарскиот систем.

Извор: Народна Банка

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЗ: Од проценка кон национален план за квалитет на здравствената заштита...

0
Со поддршка од Светската здравствена организација и во соработка со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи (АКАЗУМ), денеска се одржа втората национална...