spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЦената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери

Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери

Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери.

Скопјани плаќаат поскапа вода заради Шилегов и Весковски и нивниот недомаќински однос кон градските пари.

За трошењето на градски пари на сомнителен и криминален начин мора да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ очекува ЈО да постапи и да отвори кривична постапка против Шилегов и Весковски кои работеле без тендер.

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кривичната пријава до ЈО за организиран криминал и корупција и очекуваме сериозен пристап кон случајот. Сите докази кои ги објавивме јасно индицираат дека е извршен криминал од чл. 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба. Имено Шилегов и Весковски вршеле градежни работи на ул. „Варшавска“ и најмиле фирма без за тоа да имаат распишано тендер. Два месеци откако се завршени градежните работи е распишан тендер и склучен договор со фирмата која ги извршила работите.

Шилегов и Весковски се до гуша во криминал.

И надзорот утврдува дека градежните работи се вршени во месец август, и дека работата е завршена тогаш, а не во октомври кога е склучен договорот.

Шилегов и Весковски се инфлагранти фатени во криминал. ЈО да не чека и да отвори истрага. Секое одолговлекување на случајот од страна на ЈО им остава простор на Шилегов и Весковски да се обидуваат да прикриваат трагови.

Потребна е итна постапка. Криминалот мора да се санкционира.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...