spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали за да го ублажи поразот во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали за да го ублажи поразот во Скопје

Во ВМРО-ДПМНЕ исплашени од извесниот пораз на претстојните локални избори во градот Скопје не престануваат да измислуваат и да конструираат непостоечки скандали за градоначалникот Петре Шилегов.

Од Белата палата, можат да објавуваат нецелосни документи, неосновано да обвинуваат за наводна корупција и злоупотреби, но ништо нема да ги спаси од пораз на изборите, седми по ред.

Со ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека нема никаква идеја, никаков предлог за подобрување на животот на скопјани, за модернизација на главниот град.

Од друга страна граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела.

Затоа на ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго, освен со лаги, шпекулации и конструкции да се обидат да си го ублажат новиот убедлив пораз на изборите.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...