Комуналните служби на општина Карпош работат на засадување ново зеленило во населбата Тафталиџе, во средишните делови меѓу објектите за домување, на потегот кај пекарата „Вегера“.
Денеска се садат 355 украсни растенија, но и се засадува нова тревна површина со систем за наводнување. Целосно ќе се уреди јавниот простор на површина од 800 м2, со што овој дел добива нов лик.
Деловите меѓу зградите, граѓаните честопати ги користат за рекреација и маалска дружба, а сега истите добиваат нова вредност и квалитет. Прераснуваат во уредени зелени површини кои придонесуваат и за намалување на севкупното загадување.
Претходно, локалната самоуправа уреди слични вакви простори и во Карпош 4, меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“, како и во УЗ „Владо Тасевски“ (Млечен), спроти хотелот „Карпош“.
Извор: Општина Карпош