spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: ,,Спортска авантура 2021″

Берово: ,,Спортска авантура 2021″

Во организација на Здружение на граѓани „ МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА “, во рамките на Европска недела на спорт”#BeActive”, во Берово, се одржува ,,СПОРТСКА АВАНТУРА 2021 година“.
Настанот вклучува тесна соработка со националните координатори на Европската недела на спортот – #BeACTIVE, националната Агенција за млади и спорт, граѓанската организација Планински Спортски Клуб ,,Малешевска Корија”,
Хотел Манастир, Берово и Општина Берово.
Посебна чест и задоволство ми беше, што присуствував на отварање на еден ваков голем настан, кој што силно ги промовира малешевските убавини и благодети. Малешевијата изобилува со прекрасни терени и за мене како градоначалник но и како граѓанин на Општина Берово, навистина од големо значење е што настанот се одржува токму во Берово, како атрактивна дестинација за таква намена и што терените во Берово гарантираат возбудлива спортска авантура.
Најважното за сите, е тоа што, овој настан ги поттикнува луѓето да „#Бидат активни“, не само во текот на оваа недела, туку преку целата година, затоа што спортот е половина здравје.
Целта на настанот е поттикнување на физичката и менталната кондиција и борба против прекумерната тежина, преку учество во редовна физичка активност, поттикнување на социјална вклученост и интеграција преку спортот, особено за маргинализираните групи, елиминирање на разликите по национални и верски врашања и создавање на родова еднаквост, се со помош на промовирање и се поголемо практикување на спортот.

Прочитајте

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го...

0
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко...