Во тек е изведба на атмосферска канализација со колектор на ул. ,,Манчу Матак“ во Хром, со вкупна должина од 808 метри. За прв пат се изведува основна линија за одвод на атмосферски води кон Вардар на која ќе се приклучат сите околни улици.
Градоначалникот Александар Наумсоки извршу увид во градежните работи со кои се решава деценискиот проблем на жителите во Хром.
Реконструкцијата на четири улици – Манчу Матак, Крсто Раковски, Кузман Капидан и Наум Чакаров се спроведува со средства обезбедени со под-заем во износ од 43.454.818 денари доделен преку Вториот проект за подобрување на општинските услуги, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), а спроведуван од страна на Министерството за финансии, со кој се имплементира под-проектот „Реконструкција и изградба на различни улици во урбаните заедници во општина Ѓорче Петров“ .
Извор: Општина Ѓорче Петров