spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДимитров во Стразбур како специјален говорник на есенската сесија на Парламентарното собрание...

Димитров во Стразбур како специјален говорник на есенската сесија на Парламентарното собрание – Совет на Европа

На покана на претседателот Рик Даемс, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (четврток, 30 септември 2021г.) ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција.

Пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.

По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла.

За медиумите кои имаат интерес да го проследат обраќањето со почеток во 11 часот, повеќе информации се достапни на линкот: https://pace.coe.int/en/pages/session-202110.

Линк за лајв-стриминг: http://www.assembly.coe.int/nw/SessionVideo-EN.asp.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...