spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Конститутивна седница на Локалното собрание на млади

Валандово: Конститутивна седница на Локалното собрание на млади

Одржана е конститутивната седница на Локалното собрание на млади на Општина Валандово.

Во Собранието членуваат 5 организации застапувани од по двајца свои претставници кои ќе имаат обврска да го формираат Локалниот младински совет.

На седницата на собранието беше:

? избран Претседавач на Собранието;
? усвоен Деловник за работа и
? донесена Одлука за распишување на јавен повик за предлагање на членови во Локален младински совет на Општина Валандово

Превземаме суштински чекори за положбата на младите во општината. Го зголемуваме младинското учество во јавниот живот и градиме систем во кој младите креираат политики.

Повеќе информации околу целиот процес на формирање на Советот можете да најдете на веб страната на Општина Валандово, или на следниот линк.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...