spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Професорката Елена Николовска со орден „Витез од редот на академските...

Крива Паланка: Професорката Елена Николовска со орден „Витез од редот на академските палми“

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер ја одликуваше професорката по француски јазик и литература во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка, Елена Николовска со орден „Витез од редот на академските палми“. Професорката Николовска го доби ова високо одликување за нејзината работа и посветеноста во изучувањето на францускиот јазик.

Амбасадорот Бомгартнер истакна дека ентузијазмот и упорноста на професорката Елена Николовска во ширењето на францускиот јазик, култура и воопшто на франкофонијата е токму тоа што и го донело ова високо одликување.

Ова одликување, воспоставено во 1808 година, се доделува за исклучителни заслуги во областа на образованието.

 

 

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...