spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада5 состанок на Секторскиот мониторинг комитет за владеење на правото и темелни...

5 состанок на Секторскиот мониторинг комитет за владеење на правото и темелни права

Вчера се одржа петтиот по ред состанок на Мониторинг комитетот за областите владеење на правото и темелни права, со којшто заедно со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија ко-претседаваше државната секретарка Калинка Габер, а учествуваа и претставници на ресорните министерства.

На состанокот беше разгледана состојбата во исполнувањето на програмите и приоритетите во контекст на ефикасно искористување на финансиската поддршка од Европската Унија. Државната секретарка ја нагласи важноста на реформскиот процес во овие области како дел од кластерот „Темели“ кои се најдиректно поврзани со европските вредности поради што се во основата на политиката на условеност и од финансиски аспект.

ДСек Габер: „Европеизацијата и формално почнува и завршува со владеењето на правото и темелните права, тоа се области во кои се содржани најголемите предизвици и поддршката од ЕУ треба да биде соодветно искористена за обезбедување на европските стандарди за нашите граѓани.“

На состанокот беа усвоени заклучоци и преземени обврски со цел натамошно спроведување на проекти поддржани со ЕУ фондови и техничката помош за напредок во областа.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...