spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ

МНР: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со Криста Швенг, претседател на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК.

 На средбата, Османи изрази задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регион за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување,  инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент.

 Османи и Швенг разменија мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Северна Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и во текот на процесот на преговарање.

 Соговорниците разговараа и за Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Скопје, со цел усвоените препораки од Форумот да бидат презентирани на Самитот ЕУ-ЗБ во Словенија, наредната недела.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...