spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Со формализирање на работата на собирачите на секундарни суровини придонесуваме за...

МЖСПП: Со формализирање на работата на собирачите на секундарни суровини придонесуваме за почиста животна средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини  присуствуваше на отворениот ден на социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“, чија основна дејност е формализирање и организирање на собирачите на секундарни суровини, преку воспоставување соодветен систем за примарна селекција на отпад.

Во таа прилика, министерот Нуредини истакна дека од исклучителна важност е секторот кој досега беше неформализиран, да ја најде својата вистинска улога во регионалниот систем за управување со отпадот, особено затоа што 80 до 90% од отпадот што може да се рециклира во Северна Македонија се собира од неформалните собирачи.

Според него, формирањето на социјални претпријатија на неформални собирачи на секундарни суровини, како што е РЕДИРЕЦИКЛАЖА е вистински начин неформалните собирачи да се организираат, да влезат во формалниот систем за управување со отпад и да добијат пристојна работа.

„Очекувам дека развивањето на социјалните претпријатија во делот на управувањето со отпадот ќе го подобри управувањето со отпадот, ќе овозможи одржлив начин на функционирање на досегашните неформални собирачи и со тоа ќе придонесе кон подобрување на материјалната и на социјалната положба на оваа ранлива категорија граѓани, но и подобрување на состојбата на животната средина“ нагласи Нуредини, додавајќи дека тие се битна алка во управувањето со отпад и затоа е важно секторот кој досега беше неформализиран, да ја најде својата вистинска улога во регионалниот систем за управување со отпадот, при што сите ќе имаме бенефит.

 

На настанот се обратија и директорот на РЕДИ Рециклажа, Асиб Зекир, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и амбасадорот на Австрија Н.Е. Георг Вутсас.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МТ: Николовски – Автопатот Охрид – Кичево е симбол за работењето...

0
За автопатот Охрид - Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето ветување дека до почетокот...