Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска учествуваше на Втората конференција за одржлив транспорт што се одржи онлајн, во организација на Владата на НР Кина, а под покровителство на Обединетите нации.
На конференцијата се дебатираше за предизвиците и решенијата за постигнување на одржлив транспорт и постигнување на целите на Агендата за одржлив развој 2030 и Парискиот договор за климатските промени.
Република Северна Македонија ја потпиша Агендата 2030 за одржлив развој во 2015 година и ја потврди посветеноста за нејзино спроведување.
Со тоа, Владата на Република Северна Македонија ја промовира регионалната соработка преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура на земјите, заедно со проширувањето на Трансевропската транспортна мрежа што минува низ земјата.
Во рамките на Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на транспортната заедница Република Северна Македонија, како дел од Западен Балкан, развива насоки за промоција на зелен транспорт и имплементација на Зелената агенда на ЕУ, како и цели за стратегија за одржлива и паметна мобилност.