Почитувани,
Министерства, јавни претпријатија и општини потрошиле милиони евра наши пари преку крајно сомнителни тендерски постапки.
Вчера објавивме дека институциите на власта на СДСМ во изминативе 4 години склучиле 200 милионски договори, за кои подоцна не го испочитувал законот и не го објавиле договорот и сумата на истиот на страницата на Бирото за јавни набавки, иако затоа законот ги обврзува, тие ги кријат договорите.
Според информациите кои дојдоа до нас, Петре Шилегов во изминатиов период склучил неколку договори во вкупна вредност од 800.000 евра, без притоа истите да ги објави на страната на Бирото за јавни набавки. Што крие Шилегов и зошто не се објавени овие договори?
Според наши сознанија Министерството за транспорт и врски во изминативе 2 години склучило 4 договори во вкупна вредност од 297.000.000 денари, односно околу 5 милиони евра, за кои не е испочитуван законот и не ги објавило на увид на јавноста.
Што криеле министрите за транспорт и врски поставени од Заев?
Имено тие на 17.12.2019 склучиле договор за изградба на фекална канализација во Визбегово во износ 147.000.000 денари и не го објавиле. Што има спорно во овој договор и зошто не е објавен? Што сакале овие луѓе да сокријат?
Истото министерство на 10.12.2019 склучило договор во износ од 105.000.000 денари за изградба на фекална канализација во Арачиново, и тој договор не е објавен.
По истите стапки оди и Јавното претпријатие за Државни патишта, кое во изминативе година ипол склучило 5 договори, за кои постои сомнеж за злоупотреби и прикривање во вредност од 863.570.000 денари, односно нешто над 14 милиони евра.
Имено претпријатието на 17.02.2020 склучило договор во износ од 127.500.000 денари, за санација на свлечиште на регионален пат Р1308 Претор – Маркова Нога, и истиот не е објавен на страницата на Бирото за јавни набавки. Што и зошто се крие?
Истото го направиле и десетина дена претходник, при што на 24.01.2020 склучиле договор во износ од 442.000.000 денари, за рехабилитација на автопат Куманово – Страцин, договор кој исто така е сокриен од јавноста.
Што и зошто крие власта? И дали со необјавувањето на договорите кријат неправилности или местени постапки?
Ги повикуваме ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај и да се утврди зошто не е почитуван законот и дали станува збор за местење тендери?
Извор: ВМРО