Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес се сретна со Иван Богананта, амбасадор на Република Индонезија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.
На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како на политички така и на економски план, при што заеднички беше констатирана потребата од нивно унапредување. Во овој контекст, беа согледани потенцијалите за натамошен развој на соработката во сферата на економијата, директните инвестиции и трговската размена и беше посочено на потребата од договорно уредување на економската соработка и техничката помош.
Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беа разменети и мислења за мултилатералната соработка и актуелните меѓународни прашања.