spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Во пресрет на #COP26, Младински самит за климатски промени во Скопје

МЖСПП: Во пресрет на #COP26, Младински самит за климатски промени во Скопје

– Младите мора да бидат гласни за да се слушне нивниот глас- порача министерот Нуредини на панел сесијата насловена: „Климатска акција и улогата на младите“ што беше дел од Младинскиот самит за климатски промени – од Милано до Глазгов и понатаму, што денес се одржува со Скопје.

– Ние го разбираме значењето на вклученоста на младите во донесувањето на сите одлуки во државата, а посебно од областа на климата, бидејќи никој не е позасегнат од нив. И во текот на подготовката на Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз, посветивме посебно внимание на младинската консултација и Министерството за животна средина и просторно планирање како институција одговорна за предлагање на  климатските политики поддржа спроведување на разни актиности за вклучување на младите во донесување на одлуки, од работилници, гамифицирани консултации, до изработка на посебна веб платформа за младински групи, активисти и други засегнати страни и ги зема предвид клучните принципи споменати од младите за соодветна и релевантна климатска акција – рече Нуредини.

Иницијатива е поддржана од УНИЦЕФ, а финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА). Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на Италија, како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН, во Милано и Амбасадата на Обединетото Кралство, како домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...