Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, се сретна со Халид Ибрахим Емара, амбасадор на Арпаска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.
На средбата беше искажано задоволство од можноста, заемно да се разгледа актуелниот статус на билатералната соработка на политички и на економски план, при што беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на пријателските односи. Во овој контекст, беа предложени идеи за натамошен развој на соработката во сферата на економијата, директните инвестиции и трговската размена.
Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беа разменети и мислења за мултилатералната соработка и актуелните меѓународни прашања.