Општина Крива Паланка е добитник на наградата „Глобал Локал“, како една од седумте најуспешни локални заeдници во 2020 година во Средна и Југоисточна Европа.
Наградата се доделува на заедници и институции за креирање на добар амбиент и развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, а ја доделува Меѓународниот економски форум „Перспективи“ со седиште во Дубровник и независниот меѓународен комитет „Промо Глобал” кој го сочинуваат експерти од областите економија, маркетинг, менаџмент, финансии, социологија, претприемништво, право, архитектура, екологија, локален и регионален развој.
Наградата „Глобал Локал“ на најдобрите локални самоуправи во креирањето на добар амбиент во претприемништвото им се доделува на успешните локални заедници кои со оригиналните решенија и креативни мерки значајно го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на претприемништвото како темел на развојот на локалната заедница и нејзините граѓани.
Наградата на досегашниот градоначалник Мицевски му беше врачена од страна на директорот на „Промо Глобал“, Гордана Ковачевиќ и од потпретседателот на управниот одбор Синиша Жариќ.
Извор: Општина Крива Паланка