spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Во Небрегово отворена реновираната училница во која Блаже Конески учел во...

Прилеп: Во Небрегово отворена реновираната училница во која Блаже Конески учел во прво одделение

Во рамки на Отворените денови, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, Институтот за македонски јазик организираше посета на Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово.

Покрај претседателот Пендаровски, со свои излагања пред присутните се обратија и претседателката на Отворените денови на ЈНУ ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје, д-р Елена Јованова – Грујовска и проф. д-р Људмил Спасов, кои уште еднаш го потенцираа придонесот на Конески во кодификацијата на македонскиот литературен јазик и неговото значење за македонската книжевност.

На денешниот настан на кој беше отворена реновираната училница во која Конески ја посетувал наставата во прво одделение, присуствуваа и министерката за култура, Ирена Стефоска, градоначалниците на Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили и поголем број други гости.

По повод 100-годишнината од неговото раѓање, Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, со што нашата земја и официјално се приклучи кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации, оваа 2021 година да ја прогласи за Меѓународна година на мирот и довербата. Денешниот настан беше уште една можност да му се оддаде почит на истакнатиот македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет и есеист, книжевен историчар, филолог и професор на Филозофскиот факултет, Блаже Конески.

 

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...