На подрачјето на општина Гази Баба, во урбаните заедници, започнува голема есенска еколошка акција за расчистување на улиците, дивите депонии и поголемите паркови.
Денес (27.10.), 60 вработени во Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ започнаа со расчистување во н. Автокоманда и н. Железара, утре ќе се расчистува во н. Триангла, н. Маџари и н. Хиподром, а во петок ќе се расчистува во н. Ченто. Ваквите активности ќе се спроведуваат во континуитет.
Градоначалникот Бобан Стефковски, присуствуваше на почетокот на акцијата, каде се сретна со вработените во ЈКП и посочи дека целта на општината е Јавното комунално претпријатие да биде вистински сервис на граѓаните, а општината континуирано ќе вложува во модернизација на механизацијата за успешно спроведување на активностите.
Извор: Општина Гази Баба