Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, придружуван од неговите соработници, како и од директорот на ИДКНА во Скопје, Скендер Асани, со своите соработници, го посетија Универзитетот „Укшин Хоти“ во Призрен, каде што беа пречекани од ректорот, проф. д-р Капланај.
На оваа средба се зборуваше за можностите за соработка меѓу овие две институции, потенцирајќи некои заеднички точки кои можат да бидат од заемен интерес.
Исто така, оваа делегација беше пречекана од деканот на Филолошкиот факултет при овој универзитет, проф. д-р Фламур Шала, кој изрази целосна подготвеност за соработка и размена на искуства во однос на придонесот од областа на лингвистиката.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните