spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ОК не’ поддржува во амбициозните национални придонеси кон постигнување на глобалната...

МЖСПП: ОК не’ поддржува во амбициозните национални придонеси кон постигнување на глобалната климатска цел и зелената енергетска транзиција

Во пресрет на климатскиот самит #COP26 што следната недела ќе се одржува во Глазгов, министерот Нуредини одржа работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.

На средбата се разменија информации за позициите на нашата држава во пресрет на климатскиот самит, како и за иницијативите што ги предлага Владата на Обединетото Кралство во насока на исполнување на глобалната цел од Договорот од Париз. Во оваа прилика, министерот Нуредини го врачи писмото на поддршка на  глобалната иницијатива на ОК за транзиција од јаглен кон чиста енергија.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте