spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: ОИК ги врачи уверенијата на градоначалникот Стојанов и на советниците

Неготино: ОИК ги врачи уверенијата на градоначалникот Стојанов и на советниците

На пригодна свеченост што се одржа во салата за состаноци на локалната самоуправа, од страна на Општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој победи во првиот круг со освоени 5.855 гласови или 51,94% од излезените избирачи му беше врачено уверението за избор за градоначалник.

Во своето обраќање Стојанов се заблагодари на сите учесници во изборниот процес, а посебна благодарност упати до гласачите кои својот глас го дадоа за неговиот избор и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Уверенија им беа врачени и на 15-те новоизбрани советници во Советот на општина Неготино во кој ќе партиципираат 7 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата врз основа на освоените 4.776 гласови за листата, СДСМ и коалицијата во општинскиот Совет ќе бидат претставувани од 7 советници со освоени 4.336 гласови за советничката листа и 1 советник има Левица со освоени 1.035 гласови за советничката листа. Мандатот на Градоначалникот Горан Стојанов и на советниците трае 4 години.

 

 

Извор: Општина Неготино

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...