spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВлада: Разгледан напредокот на проектите финансирани преку ИПА 2 и проектите кои...

Влада: Разгледан напредокот на проектите финансирани преку ИПА 2 и проектите кои се финансираат од меѓународните финансиски институции

Владата на Република Северна Македонија на 70-тата тематска седница ја разгледа информацијата за статусот на проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите и врз основа на анализата за прогресот на проектите на Министерството за финансии донесе заклучоци со задолженија до министерствата и до сите останати институции надлежни за имплементација на проектите, да достават до Министерството за финансии Акциски план со статус за нивната реализација.

Овие акциски планови ќе бидат основа за Министерството за финансии кое најдоцна до 15.07.2021 година ќе подготви соодветен материјал, кој ќе се разгледа на наредната тематска седница со цел да се утврди напредокот на проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите.

На оваа тематска седница Владата ја разгледа информацијата за статусот на проектите кои се финансираат од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори, и донесе соодветни заклучоци за динамиката на изведувањето на проектите и за искористеноста на заемите и инвестициските грантови за нив.

Со оваа информација и со приложените предлог заклучоци Владата ги задолжи министерствата што реализираат проекти од овие програми, да пристапат кон подготовка и да достават до Министерството за финансии на редовна квартална основа, односно во рок од 10 дена по завршување на кварталот, акциски планови за секој проект кој го подготвуваат да бидат разгледувани на седници на редовна квартална основа, односно во рок од 15 дена од завршување на секое наредно тромесечје.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...