spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Доделени уверенијата за нов градоначалник и членови на Советот на општината

Василево: Доделени уверенијата за нов градоначалник и членови на Советот на општината

Славе Андонов, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, од денес и официјално е градоначалник на општина Василево. На чинот на доделувањето  на Уверението за градоначалник  му претходеше примопредавање на градоначалничката функција од страна на неговиот претходник Марјан Јанев.

Општинската изборна комисија Василево,  денес ги додели и Уверенијата за советници во општинскиот Совет кој брои вкупно 15 членови. Согласно изборните резултати во Советот на општина Василево места обезбедија  седум советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ и тоа: Живко Атанасов, Драгица Глигорова, Александар Митров, Блажо Делев, Спасенка Митева, Ване Андонов и Ридван Мемедов;  седум советници од Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ и тоа: Крсте Панев, Билјана Ѓоргиева, Илми Мустафов, Александра Мадевска, Билент Исинов, Кристина Нистров и Блаже Коцев, како  и Ристе Делијанов кој во изборната трка настапи како кандидат на Движењето Одлучно за промени.

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...