Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија во соработка со Национален младински совет на Македонија го имплементира проектот “Youth Policy Labs” финансиран од програмата Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Станува збор за проект чија цел е да ги едуцира младите за поголема застапеност на младинските политики. Како дел од овој проект, во просториите на Регионалниот центар за одржлив развој во Гевгелија (Центарот за поддршка на НВО-Гевгелија), се одржа обука на тема “Креирање и Застапување на младински политики„.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за тоа како се дефинираат, креираат и застапуваат младински политики, да се мотивираат и едуцираат, младите, младинските организации и организациите за млади за постоење и примена на Законот за младинско учестство и младински политики.
На обуката присуствуваа 25 претставници на младински организации и средните училишта во општините Гевгелија, Богданци и Струмица.
Извор: Општина Гевгелија