Учениците од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија годинава, зедоа учество на три Меѓународни натпревари: „АРТ ин”, „ЗПМ Полихимнија 2021” и „Сергеј Михајлов”, освојувајќи ги највисоките места. Така, на Меѓународниот натпревар „АРТ ин” се претставија 22 ученика во категориите балет, виолина и пијано. Под менторство на професорката Виолета Чокова, учениците од класата по балет Ангела Дуганова, Јана Димитрова и Георгина Улиш освоија прва награда. Додека: Билјана Поп-Димитова, Надица Николовска и Босилка Стојанова- втора награда.
Во натпреварувањето по виолина, под менторство на проф. Соња Панова, со прва награда се закитија: Дарија Димитрова, Рената Цуклева, Наталија Ѓуровска и Јана Димитрова. Второнаградени се Љубица Мицева и Филип Траков. Во класата по пијано на проф. Владо Сапламаев, Хана Малева е првонаградена, Илија Димов- второнаграден, а Филип Темелковски- третонаграден. Две први награди им припаѓаат на Благоја Стоев и Јована Дупарова и една втора награда на Вангел Марков, ученици во класата по пијано на проф. Александар Лазаров.
7 награди се освоени и на Меѓународниот натпревар „ЗПМ Полихимнија 2021“ година: три први награди во категоријата пијано за Благоја Стоев и Вангел Марков, под менторство на Лазаров и Дарја Димитрова во категоријата виолина, под менторство на Панова: две втори награди во категоријата виолина за Јана Димитрова, под менторство на Панова и Матеа Тунџева, под менторство на проф. Маја Зафирова и две втори награди во категориите виолина и пијано за Виолета Каракабакова, под менторство на Зафирова и Јована Дупарова, под менторство на Лазаров.
На вториот по ред Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари „Сергеј Михајлов“ во Штип, Благоја Стоев, ученик на Лазаров по пијано и Ана Димитрова, ученичка на проф. Сузана Стефанова по флејта ги освоија првите награди.
Извор: Општина Гевгелија