spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Заев се сретна со Линхарт, ФМНР на Република Австрија

Премиерот Заев се сретна со Линхарт, ФМНР на Република Австрија

На состанокот е нагласен и поздравен посебниот придонес на премиерот Заев во стабилноста на нашата држава и на регионот. Исто така е истакната силната поддршка од Република Австрија за продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и конкретно за почеток на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија, во декември годинава. Изразен е и голем интерес од австриска страна за нови инвестиции во државава.

Премиерот Заев се заблагодари за големата, пријателска, принципиелна поддршка од Австрија, како еден од најголемите поддржувачи на евро-атлантските перспективи на Северна Македонија и меѓу најголемите инвеститори во државава, но и за покажаната солидарност во време на пандемијата.

„Сработивме на реформски план, покажавме лидерство во решавањето на добрососедските односи низ дијалог, пример сме во регионот за функционално мултиетничко општество едно и еднакво за сите и очекуваме од Европската Унија да го испорача ветеното и во најскоро време да ги почнеме преговорите со ЕУ. Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори – напротив до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев, во таа насока, ги објасни и поволностите и поддршката што ја имаат инвеститорите од државата. Претставниците од бизнис делегацијата изразија посебно интерес за можни инвестиции во енергетиката и посебно во делот на обновливите извори на енергија.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...