spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Пронајдена марихуана од над 500.000 евра

МВР: Пронајдена марихуана од над 500.000 евра

Денеска (18.11.2021) во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 (десет) поголеми најлонски пакувања со марихуана.

Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.  За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...