Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работна средба помеѓу претставниците на Националниот младински совет на Македонија и Секцијата на млади на ССМ на која присуствуваа новоизбраната претседателка на НМСМ, Марија Крстевска, членот на Управниот одбор на НМСМ, Дарко Тошиќ, претседателката на СМССМ, Ирена Ивановска и членот на ИО на СМССМ, Дарко Трајкоски.
На средбата, претседателката на СМССМ ги презентираше активностите на СМССМ во изминатиот период, со посебен акцент на влијанието на пандемијата врз младите луѓе, проблемите со кои тие се соочуваат и преземените активности за нивно надминување од страна на синдикатите.
Она што беше потенцирано на средбата е подготвеноста за преземање заеднички активности на двете организации во насока на унапредување на положбата на младите лица во државата преку имплементација на конкретни активности, проекти и зајакната соработка со НМСМ, како и организациите членки.