spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Градоначалникот Борче Јовчески ја посети изложбата „Suzanne“

Прилеп: Градоначалникот Борче Јовчески ја посети изложбата „Suzanne“

Градоначалникот Борче Јовчески  присуствуваше на изложбата „Suzanne“ од уметницата Ивана Мојсовска.

Јовчески и честита на авторката посакувајќи и плодна и успешна работа. Ивана Мојсовска е млад, современ автор од Скопје,  кој ги истражува емотивните состојби прикажувајќи ги преку своите експресивни и гестуални записи со кои таа постојано експериментира со нови сликарски медиуми.

 

Делата на Мојсовска кои вклучуваат слики, танцови перформанси, инсталции и фотографија говорат за нејзиниот диверзитет додека експресивноста како правец е задржана во целиот опус. „Сузан“ (Suzanne) е измислен карактер кој ни ги пренесува екстремните расположенија на една млада жена која се бори со сопствените емоции и пориви.

Во овој проект, карактерот на Сузан е повторно предмет на естетската материјализација каде преку фотографијата како медиум, ги доловува моментите на екстаза и кинестетичка емпатија. Изложбата е инспирирана од веќе реализираниот танцов перформанс во колаборација со кореографката Адријана Данчевска, која е и субјект на овие дела.

 

 

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...