spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваУЈП: Известување за работодавачите кои не исплатиле Бруто плата

УЈП: Известување за работодавачите кои не исплатиле Бруто плата

Доброволното плаќање на даноците, изразено како подготвеност на даночните обврзници за законско, правилно и навремено исполнување на даночните обврски, ефикасноста, ефективноста и намалувањето на административниот товар, изразени како самооданочување без спроведување на даночна постапка, како и меѓусебната доверба меѓу Управата за јавни приходи и даночните обврзници изразена како транспарентност во меѓусебните очекувања и преземање одговорност за ризиците, се темелни принципи при прибирањето на даночните приходи.

Во духот на овие принципи, ги повикуваме даночните обврзници – работодавачи кои не ги платиле доспеаните обврски по МПИН пресметките за месеците февруари и март 2021 година, долгот да го платат пред започнување на активностите на Управата за јавни приходи за присилна наплата.

Управата за јавни приходи им овозможи на работодавачите да го остварат правото на финансиска поддршка заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Според службената евиденција на Управата, сите работодавачи немаат извршено уплата по МПИН пресметките за овие месеци, со што не се уплатени долгуваните износи на социјални придонеси и данок и не е исплатена платата на вработените лица. После овој повик, Управата за јавни приходи ќе започне со доставување на опомените до должниците и решенија за присилна наплата до носителите на платен промет, со цел наплата на неплатените МПИН.

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...