Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски во Министерството за внaтрешни работи оствари работна средба со регионалниот безбедносен офицер Хит Вард на кого му завршува работниот мандат.
Директорот Тасевски во оваа пригода му се заблагодари на Хит Вард за исклучителната соработка во изминатиов период, со надеж дека таа ќе се продлабочува во интерес на двете страни во периодот што следи, а му посака добредојде и на неговиот колега Мајкл Кернс, кој ќе го замени Вард на функцијата. На средбата, од страна на безбедносниот офицер во заминување Вард уште еднаш беа потврдени заложбите и континуираната поддршка од страна на Амбасадата на САД со цел модернизирање на капацитетите во Министерството за внатрешни работи.