spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје

Град Скопје: Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на побрза реакција на барањата на граѓаните и акција за чистењето на депониите беа темите на кои разговараа десетте градоначалници на скопските општини со градоначалничката на Градот Скопје.

„Денеска за првпат после долг период заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје што изминатиот период беше изоставено како пракса од страна на претходниот градоначалник. Координативното тело ќе се свикува согласно Закон најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати со главна цел изнаоѓање на конкретни решенија за проблемите што граѓаните ги сметаат за приоритетни”, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

До следната седница ќе се изготви и акциски план со конкретни рокови и ќе се започне со нивна реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Во меѓувреме ќе се направи план за отворање на расправа за Генералниот урбанистички план и ставање на функција на Зелениот совет на град Скопје.

„Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзо решавање на проблемите, некои од нив се поврзани меѓу општините, затоа неопходна е координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија”, додаде Арсовска.

Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и ќе се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа сите 10 градоначалници на општините под надлежност на град Скопје и тоа Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Чаир, Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Кисела Вода, Аеродром и Центар.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте