Делегација на Општина Карпош престојува во тридневна посета на збратимената Општина Тиват во Црна Гора, по повод одбележувањето на 21 Ноември – Денот на ослободување на градот.
Во текот на престојот, делегацијата составена од советниците Марјан Стефановски и Наталија Спировска присуствуваше на свечената седница на општина Тиват, а учествуваше и на други протоколарни активности.
Извор: Општина Карпош