Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 4 668 764 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 9.3 %.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12.7 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 0.4 %.
Зголемување е забележано кај сите производи, освен кај житата, овошјето и добиточното производство.
Прочитајте и дознајте детално:
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика