spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЗаменик градоначалникот Мицкоски промовира проекти на СДСМ кои до пред еден месец...

Заменик градоначалникот Мицкоски промовира проекти на СДСМ кои до пред еден месец ги критикуваше

Христијан Мицкоски во улога на заменик градоначалник продолжува по турнеја низ општините, каде градоначалници има неговото ВМРО-ДПМНЕ, за да промовира проекти на претходната власт на СДСМ.

Тој сигурно чекори по режимските стапки на својот ментор азилантот Груевски, кој, своевремено беше и лидер на партија и министер, градоначалник, судија, обвинител.

Денеска, заменик градоначалникот Мицкоски, заедно со Тимчо Муцунски, промовира проект за инсталирање на фотоволтаици во основното училиште Александар Македонски, проект на претходната локална власт во Аеродром, за кој Договорот веќе бил потпишан.

Муцунски стана уште еден од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои му реферираат на својот лидер, и проектите на своите претходници, ги промовираат пред него, а не пред граѓаните.

Дали тоа значи дека се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, а не на сите граѓани?

Тие со леснотија ја прифаќаат грубата партизација, што заменик градоначалникот Мицкоски ја прави со своите увиди во работењето на општините.

Граѓаните гледаат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, тоа е истата режимска, безидејна партија, а Мицкоски копија на својот претходник, криминалецот во бегство Никола Груевски.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...