spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Маричиќ се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на...

МП: Маричиќ се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда

Министерот за правда Бојан Маричиќ преку видео-врска се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) и ги претстави реформите кои Министерството за правда ги презема во областа на кривичната правда.

– Северна Македонија вложува напори да ја зголеми ефикасноста во борбата против нелегалните финансиски текови и да ги зајакне можностите за конфискација на нелегално стекнатиот имот. Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата, истакна Маричиќ.
Министерот ја потенцираше значајноста за отпочнување на преговорите со ЕУ, затоа што овој процес може само позитивно да влијае и значително да ги забрза реформите во Северна Македонија.

Прочитајте

Карпош: Наставниците ќе ја зајакнуваат Сујбер Безбедност

0
Во рамки на основните училишта „Братство“, „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47...