spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Приведени неколку лица, расчистени две кражби

МВР: Приведени неколку лица, расчистени две кражби

На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Р.(29) и И.И.(29), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 02.10.2021 и на 07/08.11.2021 од објекти во изградба на ул.„Коце Металец“ и „Ќојлија“ одзеле повеќе предмети, по што ги продале на Б.М.(23), С.М.(25), двајцата од с.Долно Коњари, скопско и О.Р.(31) од Скопје. И овие лица биле лишени од слобода, затоа што при претрес во нивните домови, извршени со судска наредба на 25.11.2021, биле пронајдени дел од одземените предмети кои биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...