На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Р.(29) и И.И.(29), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 02.10.2021 и на 07/08.11.2021 од објекти во изградба на ул.„Коце Металец“ и „Ќојлија“ одзеле повеќе предмети, по што ги продале на Б.М.(23), С.М.(25), двајцата од с.Долно Коњари, скопско и О.Р.(31) од Скопје. И овие лица биле лишени од слобода, затоа што при претрес во нивните домови, извршени со судска наредба на 25.11.2021, биле пронајдени дел од одземените предмети кои биле вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.