Градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов оствари работен состанок во Амбасадата на Република Словенија.
Амбасадата на Република Словенија на чело со Амбасадорот Милан Предан останува стратешки и долгорочен партнер на општина Дојран пред се во реализација на клучни проекти за заштита и ревитализација на Дојранското Езеро.
На средбата заедно беа дефинирани клучните приоритети за заштита на Езерото, а воедно општината веќе има реализирано и низа од неколку успешни проекти.
Главна цел како и досега, така и во иднина ќе биде развој на еко- туризмот и Дојран да стане првата еко-туристичка дестинација во државата.
Општина Дојран веќе подолго време заедно со невладината организација Милиеу контакт изработува физибилити студии и проектни документации кои се основата за почеток на реализсција на овие проекти за заштита на Езерото.
Општина Дојран и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија веќе имаат воспоставено одлична соработка.
Во иднина истата ќе се продлабочува во интерес на двете земји.
Извор: Општина Дојран