spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЗдравите дрвја на бул. ,,Македонските Просветители” да бидат пресадени

Здравите дрвја на бул. ,,Македонските Просветители” да бидат пресадени

Во однос на сечата која се одвива деновиве на булеварот ,, Македонски Просветители”, а кој проект е дел од минатата власт на СДСМ, Левица од новата локална власт побара здравите дрвја да бидат пресадени, со цел да се намалат штетите по зеленилото во градот.

За таа цел, очекуваме уште наредна недела да биде набавена соодветна машина за пресадување дрвја. Бидејќи се работи за проект кој ги поминал сите фази на постапка и истиот е одобрен, без да има забелешки од јавноста, Левица го предложи ова решение како најсоодветно кое може да се изведе во дадените околности.

Оние дрвја кои не би можеле да се спасат, побаравме од општинската власт да бидат донирани како огревно дрво за социјално загрозени семејства, кои не можат да обезбедат огрев , а не, како што беше пракса досега, да бидат поделени како огревно дрво помеѓу оние вработени во ЈП Комуналец, кои беа задолжени за нивно сечење.

Со свој претставник во Советот, Левица во иднина навремено ќе ја алармира јавноста за вакви крупни проекти кои имаат сериозни последици врз зеленилото во градот, а не истите да се носат без никаква информираност и учество на жителите на Охрид.

 

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...