Благодарение на партнерството помеѓу „Mastercard“ и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) – првично најавено на почетокот на 2020 година, достапни се услугите за дигитален идентитет и поврзаните услуги, како што се дигитално потпишување и верификација на документи за сите македонски граѓани.
Првата организација што ја користи услугата ID Service управувана од „Evrotrust“, е НЛБ Банка Скопје. Преку услугата обезбедена од НЛБ Банка Скопје, на клиентите им се нуди можност за далечинско електронско потпишување на правно обврзувачки документи преку идентификациската услуга (ID Service), услуга за дигитален идентитет на „Mastercard“ овозможена од „Евротраст“ (Evrotrust).
На овој начин, документите се потпишуваат електронски со исто правно дејство како и своерачниот потпис, што претставува уште еден чекор кон дигитализацијата на администрацијата и на услугите во Северна Македонија.
„Годинава Северна Македонија го одбележува воведувањето на услугата ID service со цел дигитализација на нашето општество, што беше од суштинска важност во текот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Ја почитуваме посветеноста на сите страни вклучени во спроведувањето на визијата за дигитална економија што ја споделуваме со ’Mastercard‘. Направивме многу но ова е првиот чекор што го гледаат граѓаните, а нашата главна цел заради целосно спроведување на услугата еID service во корист на македонските граѓани“, изјави г-дин Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација