spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии од НР Кина за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје

МОН: Стипендии од НР Кина за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје

 

Министерството за образование и наука известува дека Vanke School of Public Health, при државниот Чинхуа Универзитет од НР Кина доделува максимум 3 стипендии за македонски студенти за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје (International Master of Public Health Program – IMPH).

 

Чинхуа Универзитетот е и најпрестижниот во НР Кина, рангиран како прв универзитет во земјата и 43ти во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети.

 

Цели на мастер програмата се: развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа; унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој; развивање на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми; промовирање соработка на Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство.

 

Стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за академската 2022-2023 година.

 

Краен рок за онлајн пријавување на оваа мастер програма е крајот на март 2022 година.

 

Програмата е на англиски јазик.

 

Повеќе информации може да се најдат на  веб страницата:

 

htpp://gradadmission.tsinghua.edu.cn/f/login

 

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.

 Vanke School of Public Health

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...